ЕКО СТИЛ е компанија која се занимава со проектирање, изработка и монтажа на мебел по нарачка.Нашите почетоци датираат од 2002 година и од тогаш до денес наша мисија е создавање на стилски и функционално опремени домови и канцеларии за нашите клиенти. Уште од самиот старт строго се придржуваме до нашите основни принципи на работење:
-одржување на конкурентни цени, а висок квалитет на производите
-
потребите и желбите на потрошувачот секогаш ги ставаме во преден план
-прецизно запазување на договорените рокови.
За нас, како една од поголемите компании за производство и продажба на мебел во регионот, исклучително е важно производите од нашата продажна линија да одговараат на современите светски барања. Тоа го потврдуваме со константно зголемување на нашата понуда со свежи решенија со врвен дизајн кои претставуваат комбинација од квалитет и пристапна цена.
Потребата за уникатност, оригиналност и функционалност на мебелот наложи од пред неколку години активно да започнеме со дизајнирање на ентериерот во домовите и канцелариите кај нашите клиенти. На тој начин на нашите купувачи им нудиме решенија каде што мебелот го дизајнираме според нивните желби, барања и финансиски можности, секогаш земајќи ги в предвид фунционалноста и естетиката.
Во оваа услуга ЕКО СТИЛ на потрошувачите им нуди:
-Креирање на прецизно компјутерскo решение со детални скици на просторот и слики во 3D формат;
-Стручни совети при изборот на мебел;
-Достава и монтажа на мебелот.
Нашите решенија за дизајн се исполнети со модерни детали а во истовреме кај нив максимално е искористен просторот.