15/08/2026
🦷 **Болка во виличниот зглоб, шкрипење со забите или чести главоболки?**
Бруксизмот (стискање и шкрипење со забите) и нарушувањата на темпоромандибуларниот зглоб – може да предизвикаат болка во вилицата, ушите, главата и вратот, како и истрошување на забите.
На Клиниката за мобилна и фиксна стоматолошка протетика се врши индивидуална проценка и дијагностика на пациентите, вклучително и со **3Д компјутерска томографија** кога е потребно.
💻 Во нашиот клинички центар е овозможен целосно дигитален протокол:
🔹 интраорален отпечаток
🔹 дигитален дизајн
🔹 3Д принтање на индивидуален оклузален сплинт
Оклузалните сплинтови можат да помогнат кај:
✔️ бруксизам
✔️ болка и нарушувања на ТМЗ
✔️ девијација на мандибулата
✔️ намалена вертикална димензија и истрошени заби
👩⚕️ **Секој пациент е различен.
** Видот на сплинтот, времетраењето на терапијата и контролите ги определува стоматологот според индивидуалната состојба и постигнатите резултати.
Современа дијагностика, дигитална технологија и индивидуализиран пристап за подобра функција и квалитет на живот.