ЗА НАС
Home Box започна да го гради својот идентитет со (flat pack) лустери и мебел парчиња еколошки спакувани во мал пакет амбалажа.
Првиот чекор бeше да се изберат производи меѓу стотиците идеи и дизајни. Нема многу правила што треба да се следат, само некои основни принципи. Избраните производи треба да бидат: едноставни, практични дизајни направени само од дрво, без потреба од дополнителни додатоци или алати, без скапи завршетоци со што се добива уникатност во минимализмот во секој поглед на производството, ентериерот и животната средина. Материјалот требаше да се најде во Италија или во Европа, со цел да се најдат високите еколошки стандарди (наречени FSC-дрво од обновливи ресурси и emissions dans l’air interieur A+ – бои и лакови на водена база кои не испуштаат штетни хемикалии и не ја загадуваат животната средина).
Како што поминуваше времето, сепак, концептот за екологија стана дополнителна пазарна стратегија и продажбата и купувањето зелени производи стана нов тренд. Ако во 90-тите години имавме пластика, сега имаме „екологија“, многу екологија, екологија на сите замисливи бои и вкусови, но Home box ја продолжува својата независна борба против каприците, против масовна и жестока потрошувачка на не еколошки производи.
Home box продолжува да ја создава својата историја (one piece is timeless in bright interior). Тоа е единствениот flat pack дизајн мебел со Македонско потекло, кое може да се прилагоди на промените и со текот на модата и времето, лесно се склопува и расклопува без завртки или сведени на минимум, флексибилни дизајни кои можат да се трансформираат, толку оригинални што не се само парчиња мебел, туку персонализирано искуство со трендот на дрво кое никогаш не застарува.