TECHNOWESTMK е снована 1992 година, а со производство започна да се занимава од 2004 година, во новоизграден сопствен капацитет со вкупна површина преку 1000 м2 во кој се инсталирани преку 40 машини.
Компанијата се занимава со производство на мебел, кој е генерално поделен на неколку групи и тоа:
- домашен,
- канцелариски,
- ресторантски и
- хотелски.
Од друга страна, производите можат да се п
оделат спрема следните категории:
- корпусен,
- масивен и
- тапациран мебел.
На почетокот започнавме со производство на масивен мебел и тоа:
- трпезариски маси,
- клуб масички,
- столици,
- дрвени комоди и витрини,
- дрвени лежаи и
- бебешки креветчиња.
Покасно асортиманот го проширивме со изработка на мебел по мерка и тоа:
- кујни,
- комоди и витрини за дневни соби,
- детски соби,
- спални соби со плахари со лизгачки врати и претсобје,
за да скоро одпочнеме со производство на гарнитури за седење.
Во процесот на производство користиме суво парено буково дрво, иверици, лесонити и медијапани од реномирани европски производители. Финалната заштита на производите се постигнува низ проточна современа лакирница во која се употребуваат современи технологии за заштита на материјалите на водена, полиуретанска, нитро и маслена база.